Center 213

💫 2nd Emotions Tango Marathon, Hellenic Edition ќе се одржи од 11 до 15 септември 2025 во срцето на Скопје, во престижниот Лимак Скопје Луксузен Хотел - 5 ѕвезди познат по својата елеганција, комфор и совршени услови за настани.

Ова издание ветува три вечери исполнети со танго емоции, нови содржини, и меѓународни гости.

🏛️ Локација - Елеганција и комфор на едно место

Маратонот се одржува во прекрасниот SKY LOUNGE BAR на хотелот Лимак, каде ќе биде монтиран дрвен под од висока класа, професионална акустика, Специјално Динамично светло и софистициран ентериер.

Сè што ви е потребно е на дофат: сместување, сите милонги, танго работилници, храна и пијалаци, масажи и спа центар сите поврзани и удобно достапни без да излезете од објектот.

🎧 Музика – Хеленски звук за паметење

Нашиот тим од диџеи оваа година доаѓа исклучиво од Грција, внимателно избрани поради нивната длабока музичка чувствителност и умешност да создадат емоционални патувања преку танго музика.

Многумина од нив имаат настапувано и во Буенос Аирес и на врвни фестивали ширум Европа.

Очекувајте моќни, елегантни и инспирирани танди, со беспрекорен музички тек – совршени за длабока поврзаност и магични прегратки.

🌌 Осветлување – Атмосфера што се чувствува

Секоја вечер ќе биде обележана со уникатен тематски концепт на осветлување, внимателно дизајниран за да ја засили емоционалната длабочина и убавината на просторот.

Осветлувањето ќе биде дел од танго-приказната што ја создаваме заедно.

🎉 НОВО: Warm-Up Милонга во Admiral Казино

Специјална warm-up милонга, во четврток навечер во Admiral Казино, дел од Лимак Хотелот.

Со својата луксузна атмосфера оваа вечер ќе биде совршено загревање за маратонот.

🎭 Во текот на вечерта ќе уживате во два спектакуларни настапи:

Фуркан и Алена Варол (Турција) – меѓународно признати танчари особено во танго есценарио.

Владанка и Онур Мок (Tango Elegante) – пар што спојува страст, приказна и стандарден танго стил

Како дополнување на маратонот, ќе имаме и

Машка и женска техника – работилници со Владанка и Онур Мок

Јога и вежби за истегнување – водени од Фуркан, идеални за да го одржите телото витално, отворено и подготвено за долги милонги

🎟️ Full pass вклучува:

Влез на сите милонги (вечерни + попладневни)

Warm-up милонгата во Admiral GRAND Казино

Перформансите и работилниците

Јога и истегнување

Освежување и овошје во текот на целиот маратон

 

📍 За сите информации и регистрација:

👉 www.emotionstangomarathon.com

Актуелни настани
Одминати настани