Роден во 1986 година, Декември месец, во Скопје. Од рана возраст пројавува афинитети за спорт и активно се занимава со фудбал до својата 17та година кога решава животот да го насочи кон студирање. Додипломски студии завршува на Универзитетот Кирил и Методиј отсек Одбранбени и мировни студии и добива звање Дефендолог, додека пак пост-дипломски студии завршува на истоимениот Универзитет, отсек Менаџмент на човечки ресурси.
Покрај разноврсниот кариерен пат кој го има, по некоја случајност повторно своите афинитети за спортска активност го водат кон изучување на танци, а подоцна својот интерес го насочува кон Латино и друштвените танци, со особен интерес кон Салса и Бачата. Уметничкиот и естетски израз во движењето на човечкото тело за кратко време му стануваат инспирација за подлабоко да навлезе во изучување на овие техники, како за „перформанс-изведба“ така и во суштинското разбирање на самата музика и приказната околу танцот.
Од 2017та, после долги години изучување и искуство во професионални ангажмани, својот талент го насочува кон отворање на Студио за Латино и друштвени танци – ДЕЗИРЕ. 9 години исполнети со многу часови, организирани настани, како и учество на многу семинари, го доведе до креирање на брендот Салса на 2 (New York Style) кој е единствен сеуште од ваков тип во нашиот главен град. Посебна компонента во концептот на часови водени од Иван Јованов се става на културолошката и етичка димензија на Танцот, водена од човечката т.е хумана присутност како и човековата природа за ваков вид на експресија од најрано доба. Техничката компонента во самиот пристап на часовите водена од стремежот кон перфекција и секогаш револуционерниот пристап за автентичност во себе-изразувањето, поставува стандарди и тенденција за постојано издигнување на нивото на танцот како вештина но и култура на живеење.