Center 213
Пламенка Трајковска

Пламенка Трајковска – виолина е постојан член на Филхармнија на Северна Македонија. Постојано работи со мали камерни состави во музичката организација Пламенка Трајковска – мали камерни состави во чиј состав делува гудачки квартет и трио, гудачки секстет, дуо виолина и пијано и мал камерен состав.

Малите камерни состави креираат музички програми со класична музика и кросовер со мултимедијални елементи и музичка технологија и настапуваат на официјални концерни сцени и на алтернативни простори со цел да ја доближат класичната музика до широката публика и до младите.

Пламенка Трајковска е автор и изведувач е на албумот „Апасионато“ и албум „Карневал на животните“ од Камиј Сен Санс во адаптација за виолина и пијано, автор и изведувач е на повеќе синглови за соло виолина и трака.

Пламенка Трајковска има реализирано голем број на концерти во Македонија и на најзначајните културни манифестации Скопско лето, Бит фест, Штипско културно лето, Петровденски ракувања, Топол културен бран, Караманови средби, Кавадаречка културна есен, и многу други настапи на концертни сцени во Македонија и концерти во Хрватска, Србија, Бугарија, Грција Франција,Оман, Кина, Танзанија и Турција.

Свири на виолина Joh.Bapt.Switzer од 1813 година.

Сака патувања и научно-фантастични филмови и танго.

Повеќе соработници